Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да постигне победа на стартот од фјучрс турнирот во Сараево кој се игра за награден фонд од 15 илјади долари. Таа во 1.коло ја победи третата носителка Агнеш Букта од Унгарија со 6:4 и 6:3 во гемови.
Ѓорческа освои 63 поени во целиот меч наспроти противничката која имаше 45.
Во следното коло нашата тенисерка ќе игра против Шехерезад Ре од Франција, која се наоѓа на 407 место на ВТА листа.
Ѓорческа во двојки со Ирина Марија Бара од Романија имаат изборено пласман во четвртфиналето.