Доколку набргу по породувањето на вашата пријателка сте посакале и самите да се остварите во улогата на мајка не треба воопшто да бидете зачудени. Науката смета дека тоа е сосема природна појава.
Желбата кај жените да станат мајки е особено интензивна првите денови по породувањето на нивната пријателка.
Научниците затоа на шега велат дека мајчинството е „заразно“.
– Желбата се јавува веднаш по породувањето на пријателката, достигнува кулминација во период од две години од породувањето, а потоа пополека се намалува, вели коавторката на новата американска студија, Николета Балбо.
– Генерално гледано ова истражување покажува дека врз одлуката за формирање семејство и забременување не влијаат само индивидуалните одлики и афинитети, туку и социјалното опкружување, нагласува таа.
Во студијата спроведена во САД учествуваа 1.700 жени, а научниците го истражувале влијанието кои пријателките го имаат врз нив, кога станува збор за планираната бременост, односно раѓањето на првото дете.
Истражувачите како можни објаснувања за тоа зошто мајчинството е „заразно“ наведуваат дека споредувањето со блиските луѓе е едноставно во нашата природа.
– Опкруженоста со пријателите, кои веќе имаат свои деца ги притиска луѓето и тие што е можно поскоро да формираат свое семејство, вели Балбо.
Исто така од блиските луѓе и пријателите учиме многу работи во животот, па така жените учат од своите пријателки и одредени работи за мајчинството.