Воз што сообраќал на реалација Битола-Скопје синоќа околу 18:50 часот го прегазил и усмртил 36-годишниот М.М. од битолското село Црнобуки.
СВР Битола соопшти дека несреќата се случила во непосредна близина на селото Лознани.
– Според првичните информации, лицето се движело по пругата, машиновозачот со звучни сигнали го предупредувал да се тргне од пругата, но за жал од ударот на возот лицето починало на местото на железничката несреќа, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Телото на М.М. е предадено на обдукција.