Берлин демантира дека Меркел ја сака Легард за претседател на ЕК

Од:

Портпаролот на германската  Влада, Штефан Зајберт, деенска ги демантираше тврдењата дека германскиот канцелар Ангела Меркел, наводно ја посакува шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард за нов претседател на Европската комисија (ЕК) и дека во приватен разговор го прашала францускиот претседател Франсоа Оланд дали ќе ја поддржи неговата сонародничка.

– Веста е погрешна, рече Зајберт, додавајќи дека Меркел го поддржува поранешниот шеф на луксембуршката Влада, Жан-Клод Јункер за функцијата претседател на Еврокомисијата.

Меркел неодамна, по малото одолговлекување, самата првпат јавно кажа дека го поддржува Јункер за шеф на ЕК, а поддршка за мего доаѓа и од редовите на германските социјалдемократи.

Кога станува збор за изборот на претседател на ЕК, договорите за ЕУ предвидуваат шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ да му го предложат на Европскиот Парламент кандидатот, земајќи ги предвид резултатите од евроизборите на кои овој пат европските конзервативци постигнаа најдобар успех. Кандидатот потоа мора да добие мнозинство од пратеничките гласови.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“