Бразилската фудбалска репрезентација синоќа во пријателски натпревар со Панама забележа убедлива победа од 4:0. Ова беше претпоследна проверка за „кариоките“ пред почетокот на Мундијалот кој се игра во нивната земја.
Головите ги постигнаа Нејмар, Алвеш, Хулк и Вилијан. Селекторот на Бразил Луис Фелипе Сколари на овој дуел им даде шанса да заиграат 17 фудбалери.
Последната контролна средба пред СП Бразилците ќе ја имаат в петок против Србија во Сао Паоло каде на 12 јуни на отворањето на шампионатот игра токму Бразил против селекцијата на Хрватска.
На двете ноќешни пријателски натпревари кои се во рамките на подготовките за настап на Мундијалот 2014 постигнати се овие резултати: Мексико – Босна и Херцеговина 0:1 и Нигерија – Грција 0:0.