Македонските тенисери во игра на двојки ја минаа првата пречка на фјучрс турнирите во Египет и во Босна и Херцеговина.
Во Шарм Ел Шеик, Египет, Томислав Јотовски и Шендрит Деари ги елиминираа третите носители Карим Хосам (Египет) и Маркос Каловелонис (Грција). Македонската комбинација победи со 7:6 (7:3) и 6:3.
Јотовски и Деари на претходниот турнир беа финалисти.
Победа постигна и Лина Ѓорческа која заедно со Романката Ирина Марија Баја на турнир во Сараево (БиХ) ги совладаа Ена Кајевиќ (Хрватска) и Ана Опаранович (Словенија) со 6:2 и 6:3 во гемови.
Денеска мечеви во сингл ќе имаат Ѓорческа против третата носителка Агнеш Букта од Унгарија, додека Јотовски ќе игра против Антоан Ришар од Канада.