Службата за цивилна заштита на Грција издаде серија предупредувања за жителите и туристите во северниот и источниот дел од државата поради очекувани поројни врнежи и бури во текот на утрешниот ден, јавија грчки медиуми.
Невреме се очекува утре во областите Тесалија, островот Евбеја, Халкидики, Тракија и островите во источниот дел од Егејското Море.
Жителите се советуваат да ги исчистат одводните канали за да се избегнат поплави, да избегнуваат управување моторно возило и да се воздржат од одмор на плажа и пловење за време на бурите.