НЦА: Британците имаат две недели да се подготват за кибер-напад

Од:

Британската Национална криминалистичка агенција (НЦА) ги предупреди корисниците на компјутери дека имаат две недели да се заштитат од „големиот кибер-напад“, пишува весникот „Скај њуз“, укажувајќи дека ова предупредување доаѓа откако американски претставници на прес-конференција обвинија руските хакери за измама од 60 милиони фунти.

Два лоши (малвер) софтвера, познати како GOZeuS и CryptoLocer, се во центарот на тревогата. Луѓето се предупредуваат да ги заштитат и надградат своите софтвери и оперативни системи. Важните фајлови, исто така, треба да бидат заштитени, нагласуваат од НЦА.

Малверот обично го заразува компјутерот преку атачменти или линкови во електронската пошта. Ако корисникот кликне на еден нив, малверот тивко ја надгледува активноста и се обидува да дојде до било каква приватна информација, као на пример детали за банкарска сметка.

– Линковите или атачментите можат да изгледаат како да се испратени од познат контакт и можат да содржат сметка, гласовна пошта или било каков фајл кој делува безопасно, предупредува НЦА.

Агенцијата тврди дека во Велика Британија се заразени над 15.500 компјутери, а повеќе информации можат да се добијат на интернет страницата www.getsafeonline.org/nca.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство