СДСМ: Ваш ли е гласот на аудио снимката Никола Груевски?

Од:

СДСМ: Груевски, Ваш ли е гласот на аудио снимката? „Ваш ли е гласот на аудио снимката Никола Груевски? Толку е просто“, прашува СДСМ откако премиерот Никола Груевски во интервју за МИА изјави дека не примил пари за продажбата на „Македонска банка“.

„Никола Груевски по едномесечен молк почна да се правда за милионскиот кеш во скандалозниот случај Македонска банка. Во нарачано интервју, во еден ист одговор Груевски, вели дека случајот бил манипулација, но и дека случајот е застарен. Груевски се изгуби. Контратужбата не го смири“, пишува во соопштението на СДСМ.

Повеќе од еден месец му беа потребни на Никола Груевски да сфати дека времето за изјаснување на Јавното обвинителство тече, а бегање од цврстите докази за милионскиот кеш во случајот Македонска банка нема“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања