Одговорите на прашањата за екстерното тестирање по речиси сите предмети кои ќе ги полагаат учениците, можат да се најдат на интернет.
Без разлика дали ученикот учи во основно или пак средно училиште – готов материјал има за секого.
Дополнети или изменети одговори на некои прашања, се разменуваат и на социјалните мрежи.
Во затворена фејсбук група која бори преку 10.000 членови, учениците од основните и средните училишта ширум Македонија ги споделуваат меѓу себе одговорите по предметите математика, македонски и англиски јазик, историја, етика, физика и многу други.
– Ширете ја групата и додавајте деца и од другите школи за да имаме повеќе одговори за ист предмет, да можеме да ги провериме и надополниме – пишува во групата.
Дел од коментарите на учениците се дека прашањата по предметите кои досега ги полагале, не биле исти, па се замолуваат членовите во групата „доколку се сеќаваат да ги запишаат и пренесат на останатите“.
Екстерното тестирање кое трае од 2 – 10 јуни.