Македонските тенисери настапуваат на фјучрс турнири

Од:

Македонските тенисери неделава настапуваат на фјучрс турнирите во Босна и Херцеговина, Египет и Белгија.

Лина Ѓорческа, која претходната недела беше финалистка во Тунис, ќе настапи во Сараево (БиХ) на турнир со награден фонд 15 илјади американски долари. Во првото коло утре Ѓорческа ќе игра против Агнеш Букта од Унгарија (3.носителка).
Ѓорческа во игра на двојки со Романката Ирина Марија Баја, настапуваат против Ена Кајевиќ (Хрватска) и Ана Опаренович (Словенија).

На фјучрсот во Египет, Томислав Јотовски во првото коло ќе игра против Антон Ришар (Канада), а во двојки со Шендрит Деари денеска противници им се третите носители Карим Хосам (Египет) и Маркос Каловелонис (Грција).
Деари не успеа да се квалификува на главниот турнир откако во последната рунда од квалификациите загуби од Петер Мик од Словачка со 2:1 во сетови.

Димитар Грабул вчера со победа стартуваше на фјучрс во Белгија откако со 2:0 го победи Антон Павлов од Естонија.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ