Кинеските власти го блокираа пристапот до некои од услугите на интернет гигантот „Гугл“ пред 25-годишнината од крвавото задушување на продемократските демонстрации на плоштадот Тијананмен.
Организацијата за борба против цензурата „GreatFire.org“ објави дека кинеските власти почнале со напади врз пребарувачот Гугл уште минатата недела.
– Не е познато дали блокирањето е времена мерка поради годишнината или е постојано. Тоа трае веќе четири дена, многу веројатно е дека има проблеми со пристапот до Гугл, се наведува во соопштението на организацијата.
Спред „GreatFire.org“ од петокот е регистриран значително намален сообраќај од Кина кон услугите на Гугл.
Кинеските власти веќе го имаат блокирано пристапот до популарните странски страници „Фејсбук“, „Твитер“ и „ЈуТјуб“.
Случувањата на плоштадот Тијананмен за кинеските власти останува забранета тема.