Победи за ланските финалисти Надал и Ферер на Ролан Гарос

Од:

Шпанските тенисери Рафаел Надал и Давид Ферер кои лани играа во финалето на Ролан Гарос со денешните победи обезбедија пласман во четвртфиналето.

Надал во меч против Србинот Душан Лајовиќ загуби само четири гема и славеше победа од 3:0 во сетови (6-1; 6-2 и 6-1).

За разлика од негово Ферер имаше потешка задача во мечот со Кевин Андерсон од Јужна Африка и победи со 3:1 во сетови (6-3; 6-3; 6-7(5-7) и 6-1).

Во следната рунда токму овие двајца тенисери ќе играат меѓусебе што значи дека во четвртфиналето ќе има реприза на ланското финале.

Од денешната програма во женска конкуренција заврши само осминафиналето меѓу Андреа Петковиќ од Германија и Кики Бертенс од Холандија. Победа од 2:1 во сетови (1-6, 6-2, 7-5) постигна Петковиќ. Таа во следното коло ќе игра со победничката од мечот Сара Ерани (Италија) и Јелена Јанковиќ (Србија).

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ