Електромобилност – помеѓу желбите и можностите

Од:

Граѓаните на Скопје се отворени за прифаќање на нови технологии кои се во функција на зачувување на животната средина и очекуваат по примерот на другите метрополи, истакна скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната дебата на тема „Електромобилност – помеѓу желбите и можностите“.

– Со потпишувањето на европската иницијатива Повелба на градоначалници за енергетска ефикаснот во Европскиот паралмент, во Брисел,  Град Скопје од 2010 година стана дел од енергетски свесните европски градови и ја презема обврската да креира и реализира мерки и активности кои ќе придонесат за намалување на стакленичките гасови над 20 проценти. За да можеме да ја реализираме таа цел,  најпрво беше направен Акциски план за одржлив енергетски развој на Град Скопје, познат како СЕАП, во кој ги дефиниравме секторите на кои ќе работиме за да ја постигнеме целта 20 отсто помалку СО2 во нашиот Град до 2020 година, истакна Трајановски.

Според градоначалникот, електромобилноста е следниот чекор за кој е потребно да се креираат и имплементираат мерки и активности што претставуваат решение за предизвиците кои се јавуваат во делот на транспортот.

– Прв чекор на Градот Скопје е набавката на електромобили за туристичка понуда и набавката на електрични велосипеди кои ќе бидат дел од системот за изнајмување на истите. За скоро време можам да најавам дека истите ќе бидат ставени во функција на граѓаните на Скопје. Преку европскиот проект Електра се реализира анкета за електромобилноста во градот. Анкетата ни овозможи да се запознаеме со мислењето и информираноста на граѓаните за електромобилноста кое понатаму очекуваме да биде рамка за мерките и активностите кои би се креирале и реализирале. Ова истражување го потврди нашето мислење дека граѓаните се отворени за прифаќање на нови технологии кои се во функција кон зачувување на животната средина и очекуваат да се приближиме и да чекориме заедно со другите метрополи, посочи Трајановски.

На отворената дебата присуствуваа претставници на магазинот Авто Плус, Авто мото сојузот на Македонија, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  раководители на сектори во Град Скопје, директори на ЈП, советници во Советот на Град Скопје, претставници  од техничките факултети  и добавувачи на  возила.

Присутните на дебатата имаа можност да разменат мислења и препораки за воведување на електомобилноста кај нас  од искуствата на  градовите партнери во Проектот. Се разговараше за нормативното уредување на стандардите за воведување  алтернативен начин за погон на моторни возила, за активности за создавање услови за секојдневна употреба на електричните возила, за хибрдните возила како мост меѓу конвенционалните и електричните возила, како и за актуелната понуда на електрични и хибридни возила.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски