Новата палестинска Влада на национално единство денеска стапи на должност, откако во последен момент беше надминат спорот меѓу Фатах и Хамас.
Двете страни преговараа денеска до последен момент за составот на кабинетот. Хамас побара од палестинскиот претседател Абас да ја поништи одлуката за укинување на функцијата министер за прашањата на затворениците.
Кусо пред почетокот на церемонијата високиот претставник на Хамас, Халил ал Хаје изјави дека спорот е решен.
Церемонијата за стапување на должност се одржа во Рамала на Западниот Брег, каде е седиштето на палестинската Влада.