Најавена реконструкција на бугарската Влада

Од:

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски денеска изјави дека се подготвува реконструкција на неговиот владин кабинет, но дека се уште не се отпочнати преговори, туку дека двете партии во коалициската Влада вршат самостојни анализи.

– Слушам различни интерпретации, што е нормално во тензични услови. Не се занимавајте со персонални прашања, никогаш не би ги кажал, изјави Орешарски на новинарско прашање кои министри ќе бидат опфатени со најавената реконструкција на Владата.

Запрашан директно за оставката на министерката за здравство Тања Андреева, Орешарски истакна дека „доста голем дел од здравствениот систем се изјаснил за нејзина поддршка“, но дека при определувањето на критериумите за промена на некој министер нема да се базира на „мислењето на мала група луѓе“.

– Основен критериум ќе бидат целите што треба да се постигнат и дали минстрите можат тоа да го направат. Јас верувам во повеќето од нив, изјави Орешарски при престојот во градот Калофер, каде присуствуваше на одбележувањето на 138-годишнината од смртта  на бугарскиот револуционер Христо Ботев. 

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?