НАТО повторно повика за целосно повлекување на руските војници од границата со Украина

Од:

НАТО и таму инсистира на целосно повлекување на руските војници  од украинската граница, изјави денеска во Брисел портпаролот на Алијансата, Оана Лунџеску.

Таа по повод денешниот состанок  на Советот НАТО-Русија истакна дека разговорите биле закажани на иницијатива на рускиот амбасадор.

– Тоа е можност да ја разгледаме состојбата со безбедноста во Украина. Тој формат заседава за секакви ситуации и го остава отворен дипломатскиот канал за комуникација  со Москва и покрај стопирањето на соработката на сите останати нивоа, додаде таа.

Според Лунџеску, условите за обновување на нормалната соработка  со Москва е Русија да почне повторно да ги исполнува своите меѓународни обврски.

Во врска со дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, Лунџеску истакна дека тоа ќе биде првата таква средба од анексијата на Крим кон Руската Федерација и последната пред средбата на државните и владините лидери на земјите во Алијансата во Велс во септември. Меѓу темите на министерскиот состанок ќе бидат Украина, Грузија, Авганистан и кибер одбраната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности