Грчката полиција зплени 203 килограми албанска марихуана

Од:

Грчката полиција синоќа заплени 203 килограми марихуана по потекло од Албанија, која била наменета за грчкиот нарко пазар.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, акцијата била спроведена во месноста Лиридах кај Игуменица.

Кога ја забележале полициската патрола, нарко шверцерите побегнале, оставајќи ја дрогата што била спакувана во пет поголеми торби.

Италијанската полиција во саботата во пристаништниот град Бари  заплени 1,27 тони албанска марихуана спакувана во 1.177 пакети, која на нарко пазарот достигнува вредност од 13 милиони евра.

Наркотикот бил сокриен во камион кој пристигнал со траект од Албанија. Полицијата го уапсила возачот на камионот, кој е албански државјанин.

Албанската полиција, пак, запленила 200 килограми марихуана, која била откриена при рутинска контрола во камион кој од пристаништето Драч со траеклт требало да замине за Италија.

Во меѓувреме, албанската полиција соопшти дека уништила околу пет илјади садници канабис сатива, открина во разни делови на земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит