OН: Во Ирак минатиот месец убиени речиси 800 лица

Од:

Обединетите нации денеска изнесоа податок дека во мај во бомбашки напади и други слични инциденти во Ирак погинале вкупно 799 Ирачани, што е досега најголем број погинати во текот на еден месец.

Од оваа бројка, 603 биле цивили, а 196 припадници на полицијата и војската, соопштија ОН, додавајќи дека во мај, исто така, се повредени 1.409 Ирачани.

Најмногу жртви минатиот месец имало во Багдад, каде погинале 315 лица, а на второ место е провинцијата Ниневах со 113 погинати.

Податоците не го вклучуваат бројот на погинати во провинцијата Анбар, каде милитантите контролираат делови од два града.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски