Денеска почнува полагањето државна матура за 18.370 матуранти во сите средни училишта.
Првиот задоложителен предмет што ќе го полагаат матурантите е мајчин јазик.
А дополонително во текот на следните недели предвидено е тестирање по уште два екстерни и еден интерен предмет.
Прелиминарните резултати од екстерните испити ќе бидат истанкнати 30 дена по спроведувањето на последниот екстерен испит, по што незадоволните кандидати имаат рок од два дена за доставување приговор.