Поранешните број 1 тенисери, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер со победи од по 3:1 во сетови изборија осминафинале на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ во четири сета го победи Марин Чилиќ со 6-3, 6-2, 6-7(2), 6-4, додека Федерер беше подобар од Дмитри Турсунов со 7-5, 6-7(7), 6-2, 6-4.
Ернест Гулбис славеше со лесни 3:0 против Радек Штепанек и тој во следната рунда ќе игра против Федрер.
На женскиот дел од турнирот по елиминацијата на двете први носителки денеска загуби и третата Агнешка Радванска која со 6-4 во двата сета загуби од Ајла Томљановиќ од Хрватска.