Бугарија ќе биде домаќин на Конференција на НАТО со стратешките воени партнери на ниво на „началници на одбрана“, што ќе се одржи од 17 до 19 јуни 2014 година во Софија, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Форумот е организиран од Сојузната команда на транформација на НАТО и на него ќе учествуваат воени делегации од земјите-членки и земјите-партнери на Алијансата.
Отворањето на конференцијата ќе бидe на 17 јуни во хотелот „Кемпински“, во рамките на која ќе се обрати командантот на Сојузничката команда за трансформација на НАТО генерал Жан-Пол Паломерос.