Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрс турнирот во Сусе, Тунис. Таа денеска во четвртфиналето ја победи седмата носителка Шпанката Олга Парес со 6:3 и 6:2 во сетови.
Противничка во следното коло на Ѓорческа (3.носителка) ќе и биде победничката од дуелот меѓу Шпанката Нириа Паризас-Диас (1.носителка) и Британката Џезмеј Дру (квалификантка).
Ѓорческа попладнево ја очекува и полуфиналниот меч во игра на двојки.