Штајнмаер: Се надевам дека воведувањето нови санкции кон Русија засега е избегнато

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изрази надеж дека засега е избегната можноста од воведување економски санкции кон Москва.

Се надевам дека сме во фаза, кога можеме да го избегнеме донесувањето одлуки за економски санкции кон Русија, изјави министерот во интервју за денешниот број на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтинг“.

Очекуваме од Москва да ги искористи можностите за влијание врз различни сепаратистички групи и во соработка со новиот украински претседател да спречи влегување на борци и оружје преку руско-украинската граница, истакнува Штајнмаер.

Според него, евентуалните економски санкции ќе имаат негативни последици не само за Русија, туку и за Европската унија, особено за некои германски компаниии, што имаат силни позиции во Русија.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми