Цветанов осуден на четири години затвор

Од:

Софискиот градски суд (СГС) денеска на четири години затвор го осуди поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија, Цветан Цветанов.

Тој е обвинете за попречување на истрагата против поранешниот началник на Регионалната управа на Главната дирекција за борба против организираниот криминакл во Велико Трново, Орлин Тодоров. Цветанов, според обвинението, спречил да се спроведат истражни мерки против Тодоров.

Судот оцени дека однесувањето на Цветанов било со директна умисла, затоа што при сите шест случаи, во кои одбил да се преземат истражните мерки, имал напишано „Не“, а во некои од нив на крајот ставал и три извичници.

Судскиот совет смета дека министерот за внатрешни работи нема надлежности да одобрува или да забранува истражни мерки, бидејќи е тоа наделжност на соодветниот Окружен суд, туку има само право одобрението да го проследи до соодветните служби.

Цветанов пред медиумите изјави дека е невин и дека пред денешното судско рочиште, неговиот германски адвокат Ханс-Петер Ул му кажал дека врз „судот е извршен притисок’. Оваа информација адвокатот ја добил од доверливи извори, но ниту тој, ниту Цветанов, не кажаа кој вршел притисок врз Судот.

Одлуката на Софискиот градски суд може да се обжали пред Софискиот апелациски суд.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?