Мартин Смит, човекот кој беше заслужен за обликот на најновите генерации на европски модели на „Форд“, по 10 години работа се повлече од позицијата шеф на дизајнот во компанијата.
Мартин Смит од 2004 година беше главен дизајнер на европската филијала на „Форд“.
Шеесетичетиригодишниот Британец во „Форд Европа“ дојде од компанијата „Опел“, а пред тоа репутацијата ја стекнуваше во „Ауди“, каде учествуваше во дизајнирањето на „Ауди Кватро“ и првата генерација на моделот „ТТ“.
По доаѓањето во „Форд“ тој го осмисли т.н. „кинетички дизајн“, што првпат беше претставен на концептот „Иосис“ од 2005 година.
Овој дизајнерски правец подоцна беше применет врз сите нови продукциски модели за европскиот пазар, од „Фиеста“ и „Фокус“, до „Мондео“ и „Форд С-МАХ“.
На позицијата главен дизајнер на компанијата „Форд Европа“, Смит ќе биде заменет од Американецот Џоел Пиаскоњски, чие најпознато дело е новиот „Форд Мустанг“.