Платата на Меркел ќе изнесува 22.500 евра

Од:

Германските политичари во март идната година ќе добијат зголемување на нивната плата за пет проценти, што значи дека на канцеларката Ангела Меркел месечните примања ќе и изнесуваат 22. 533 евра, пишува „Билд“.

Според нацрт-законот, заработувачката од 1-ви март годинава е зголемена за 2,8 проценти, а до март идната година треба да се зголеми за нови 2,2 проценти, со што заработката на германскиот претседател месечно ќе порасне за 906 евра, на канецеларот за 867 евра и на министрите за околу 700 евра месечно.

Претседателот на државата, Јоахим Гаук, чија што плата сега изнесува 17.897 евра, од март идната година треба да се зголеми на 18.803 евра, додека на Меркел месечната плата сега изнесува 17.126 евра, но со сегашното и идното зголемување ќе изнесува 17.992 евра.

На таа сума ќе се додаде и заработувачката од сојузните пратеници, што значи дека Меркел до март 2015 година ќе заработува 22.533 евра месечно.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ