На мечевите од денешната програма кои досега завршија на терените на Ролан Гарос фаворитите во двете конкуренции нема проблеми и обезбедија пласман во следната рунда.
Повеќекратниот победник на овој Грен слем турнир Рафаел Надал го победи Диминик Тием со 3:0 во сетови, притоа во мечот противникот освои само седум гемови. Ист број гемови (7) и ланскиот финалист Давид Ферер му препушти на Симоне Болели.
Енди Мареј исто така со 3:0 во сетови избори меч во третото коло откако го совлада Маринко Матошевиќ. И кај тенисерките немаше изненадувања досега, па втората „пречка“ успешно ја минаа Јелена Јанковиќ, Сара Ерани, Петра Квитова и Слоун Стефенс.