Грција сака „Јужен поток“ да минува и низ нејзина територија

Од:

Грчкиот министер за животна средина, енергетика и климатски промени Јанис Манијатис денеска изјави дека Грција е заинтересирана еден крак од гасоводот „Јужен поток“ да минува и преку нејзина територија, јави ИТАР-ТАСС.

– Нашата динамична соработка со „Газпром“ може да стане уште посилна со изградбата на крак од гасоводот „Јужен поток“ преку Грција, обезбедувајќи на тој начин нова, современа и многу безбедна маршрута за испорака на руски природен гас во Грција, потенцира Манијатис на годишното генерално собрание на Европскиот деловен конгрес во Атина, со кој претседаваше претседателот на рускиот гасен гигант „Газпром“, Алексеј Милер.

Грчкиот министер нагласи дека „Газпром“ е перспективен испорачувач на гас во Грција и во цела Европа и посочи дека неодамна под нови услови бил продолжен договорот за испорака на руски гас на грчката гасна корпорација ДЕПА, што ќе донесе корист за локалните потрошувачи и ќе ја зголеми конкурентноста на грчката економија.

Манијатис истакна и дека дијалогот Европска унија-Русија е важен аспект на надворешната енергетска стратегија на Европа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит