Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се избори за пласман во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Сусе, Тунис откако денеска во мечот од 2. коло ја победи Французинката Бренди Мина. Ѓорческа славеше триумф со 2:0 во сетови (6:3 и 6:2).
Македонската тенисерка е рангирана како трета носителка и утре во четвртфиналето ќе игра против седмата носителка Олга Парес Ацоитиа од Шпанија.
Ѓорческа во игра на двојки заедно со Германката Линда Пренковиќ утре ќе играат во полуфиналето.