Русија, Белорусија и Казахстан потпишаа договор за формирање Евроазиски економски сојуз

Од:

Лидерите на Русија, Белорусија и Казахстан потпишаа договор за создавање на Евроазиски економски сојуз, што треба да ги зголеми економските и трговски врски меѓу поранешните советски републики.

Документот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, белорускиот колега Александар Лукашенко и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, ќе стапи во сила од 1 јануари 2015 година, пренесува ИТАР-ТАСС.

Во казахстанскиот главен град Астана, Путин изјави дека договорот ја става соработката меѓу трите земји на ново ниво. Според него новиот сојуз ќе помогне да се формира привлечен центар за економски развој и ќе овозможи трите земји целосно да го користат својот економски потенцијал и силиата на позициите на глобалниот пазар.

Новиот сојуз е развиен од Царинската унија, составена од трите земји. Освен слободна трговија, тој ги координира финансиските системи на земјите и регулира индустриската и земјоделска политика, како и пазарот на труд и транспорниот систем.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија