Шверцот на фалсификувани лекови во светот се зголемил драстично, изјавија експерти, кои учествуваа на саминар, организиран од амбасадата на Франција во Вашингтон.
Постојат криминални мрежи, кои според некои проценки држат до десет проценти од светскиот пазар на лекови, изјави директорот на Интерпол Миреј Балестраци.
Заменик-директорот на Интерпол Алин Плансон додаде дека во Африка 30 до 40 проценти од продаваните лекови се фалсификувани.
Според Светската здравствена организација околу половината од продаваните лекови преку Интернет се фалсификувани. Најчесто се фалсификуваат лекови за потенција, како што е „вијагра“.
Годишно 200.000 луѓе во светот умираат поради фалсификувани лекови против маларија.
За борбата против овој феномен е неопходна меѓународна соработка, се согласија експертите.