Екипата на Индијана го намали резултатот на 2:3 во дуелите со Мајами, во финалето од плејофот на Западната конференција во НБА шампионатот.
До втората победа во меѓусебните дуели со Мајами, екипата на Индијана стигна синоќа со триумфот пред домашната публика од 93:90.
До победата „Пејсерси„ стигнаа во последните секунди од натпреварот со слободните фрлања на Дејвид Вест кој средбата ја заврши со вкупно 19 постигнати поени. Сепак најзаслужен за триумфот на домашниот тим беше Пол Џорџ кој постигна 39 поени.
Во поразениот тим Крис Бош постигна 20, а Двејн Вејд и Рашад Луис придодадоа по 18 поени. Ле Брон Џејм средбата ја заврши само со 7 поени.
Следниот натпревар овие два тима ќе го одиграат во Мајами во сабота наутро во 2:30 часот по македонско време.
Ноќеска во 3 часот по полноќ во Сан Антонио ќе се игра петтиот натпревар од финалето на истокот во кој Спари и Оклахома Сити влегуваат со израмнет резултат 2:2 во меѓусебните средби.