Судири меѓу полицијата и штрајкувачи во Тирана

Од:

Пратеници од албанската опозициска Демократска партија и поранешни политички затвореници денеска се судрија со полицијата во Тирана, во близина на седиштето на организацијата на политички прогонуваните и осудувани лица.

Како што јави дописникто на МИА, инциднетот се случил кога полицијата се обидела да го спречи почетокот на штрајк со глад на некогашните политички затвореници, затоа што „немале дозвола за тоа“. Од друга страна поранешните политички затвореници тврдат дека за штрајкот добиле дозвола од Општина Тирана и ја доставиле до полицијата.

Опозицискиот пратеник Алдо Бумчи по с,ирувањето на откако ситуација изкави дека народните избраници дошле да му дадат поддршка на штрајкот со глад на поранешните политички затвореници. – Тоа не е политички штрајк, ние само ги подржуваме, изјави Бумчи.

– Ова е комунизам. По втор пат не убиваат, извикуваа политичките затвореници. Откако орагнизатирит ја покажал дозволата, шаторите биле поставени и започна штрајкот со глад, коој според најавите ќе трае, се до обесштетување на политичките затвореници за годините минати во затворите.

Во други шатори поставени пред Владата во Тирана веќе осми ден со глад штрајкуваат седумнаесет од стотината избркани административни работници. Тие бараат да се вратат на работа и обвинуваат дека тоа е поради нивната политичка припадност. Иако нивната здратвена состојба се влошува тие не се откажуваат од штрајк

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата