Србите од северно Косово ја замрзнуваат кампањата за парламентарните избори

Од:

Градоначалниците на четирите српски општини од северно Косово денеска соопштија дека ги замрзнуваат предизборните активности, поради одлуката на Централната изборна комисија за составот на избирачките одбори и за ставање на симболите на Косово на гласачките ливчиња за парламентарните избори на 8 јуни.

Како што јави Танјуг, во соопштението на градоначалниците на четирите општини од северот на Косово се наведува дека таквото решение ќе важи се до промената на одлуката на ЦИК и дека за него ќе бидат информирани и релевантните меѓународни институции и нивните претставници на Косово.

„Со оглед на фактот дека променетата одлука на ЦИК, што се однесува на составот на избирачките одбори е донесена во спротивност со етничкиот состав на населението во нашите општини и избирачки списоци и во согласност со важечката регулатива, и за предвидените рокови и упатства на ЦИК, сакаме да Ве запознаеме со нашата одлука со која се замрзнуваат сите изборни активности, за да дадеме можност да се повлечат одлуките на ЦИК со кои се крши законот и малцинските права. Сметаме дека, доколку Албанците имаат право да бидат во избирачките одбори на северот од Косово, со самото тоа бараме и на Србите да им се овозможи да бидат во избирачките одбори во општините во јужниот дел на Косово“, се наведува во соопштението.

Градоначалниците наведуваат и дека бараат и отстранување на „симболите и обележјата на државноста“ на Косово од гласачките ливчиња, со оглед на фактот што „државниот процес во сите демократски земји е единствен, а европски стандард е на ливчињата да се наоѓаат само обележјата на изборната комисија“.

Во соопштението се истакнува дека Србите од северот на Косово сакаат судбината да ја земат во свои раце и дека сакаат да учествуваат на изборите, но дека тоа што го прави ЦИК е пример на дискриминација и расизам.

„Доколку не се исполнат нашите барања, ќе бидеме присилени, во договор со граѓаните, да ја преиспитаме одлуката за учество на изборите“, се наведува во соопштението што го потпишаа градоначалниците на Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска