Кога во Русија ќе се појават пари со ликот на Мао?

Од:

Руската банка ВТБ меѓународните пресметки почна да ги работи во јуани. Во банката претпоставуваат дека трансграничните операции во кинеска валута ќе се одразат на растот на обемот на трговијата меѓу двете држави. Сепак, експертите сметаат дека обемот на трансакциите во национални валути ќе биде незначителен, а дека јуанот сепак не може да го потисне доларот во руско-кинеската трговија.

Првата трансакција од 20 милиони јуани ВТБ ја обави низ својата шангајска филијала на 21 мај. Односно, само 4 дена по потпишувањето на договорот со Банката на Кина, кое се одигра во присуство на претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на НРК Си Џипинг. Документот предвидува взаемна соработка меѓу двете страни во калкулации во кои се користат национални валути, како и кај меѓубанкарското кредитирање. Претходно шангајската филијала ВТБ можеше да оствари меѓународни трансакции само во странски валути и во рубљи. Сега клиентите на ВТБ можат да остварат трансакции со кинеските клиенти во јуани, користејќи сметки кои веќе им се отворени во шангајските филијали, а исто така можат да ги разместуваат своите депозити во НРК.

Во руско-кинеската погранична трговија јуанот се користи веќе одамна. Уште во 2002 година централните банки на двете држави потпишаа договор, според кој од 2005 година трговијата и туристичките услуги можат да се остварат паралелно во две конвертибилни валути, во рубљи и во јуани. Сега Русија и Кина се одлучија да воведат користење на јуанот и надвор од рамките на пограничната трговија. Накусо, обемот на трансакциите во јуани меѓу крупните финансиски институции нема да биде значаен, верува директорот на рускиот Институт за стратешки анализи Игор Николајев:

И рубљите и јуаните не се резервни валути. Потенцијалот на употребата на јуанот дури во услови на билатерална соработка е реално ограничен. Затоа што секогаш кога компанијата реализира некаква стока или услуга, таа сака да ја добие таа валута која може да ја користи во надворешната трговија со други држави.

Игор Николајев смета дека можните санкции на Западот во однос на Русија можат да го забрзаат процесот на активно вклучување на јуанот во руско-кинеските надворешно економски врски и односи. Некои аналитичари не исклучуваат дека во иднина договорите кои ќе го регулираат извозот на енергенти во НРК ќе се склучуваат во кинеска валута.

Сепак, целосното отфрлување на доларот во корист на јуанот засега не е поволна опција ни за Русија ни за Кина. За префрлање на трансакциите во јуани би била неопходна огромна работа на централните банки на двете држави, за да биде доставена валутата на Русија.

Односно, би било неопходно да се склучат своп договори со кинеската централна банка на огромна сума.

Дополнителна емисија на јуани неизбежно би предизвикало инфлација во Кина, со чија контрола властите тешко се борат. Иако во 2009 година Кина предлагаше валутите на државите на БРИКС да се вклучат во кошницата на специјални права на позајмици, сепак никаде директно не изјавила дека го сака јуанот како светска резервна валута. Бидејќи, држава која има резервна валута, неизбежно оди кон трговски дефицит на сметка на зајакнување на својата парична единица. На Кина сега оваа состојба не и е потребна. Затоа е реално во поскоро време да се очекува двојникот рубља-јуан да се користи прво во пограничната трговија. Сепак, со оваа тенденција оддалечувањето од американската валута веќе стана јасно.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно