Еврокомисијата со нова Европска стратегија за енергетска безбедност

Од:

Европската комисија денеска излезе со сеопфатна стратегија за зајакнување на безбедноста на снабдувањето со гас и енергенси, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Како релација на тековната геополитичка средина и увозната зависност на Европската унија, се воведува нова Европска стратегија за енергетска безбедност, со која се планира диверзификација на надворешното снабдувањето со енергија, надградба на енергетската инфраструктура, комплетирање на внатрешниот енергетски пазар на ЕУ и заштеда на енергија како главни точки.

Оваа стратегијата ја нагласува потребата да се координираат одлуките на националните политики за енергија и важноста да зборуваме во ЕУ со еден глас при преговарањето со надворешните партнери. Таа се базира на напредок на веќе постигнато од гасната криза во 2009 година, обезбедување на непречено снабдување за оваа зима што ќе се дискутира од страна на шефовите на држави и Влади на Европскиот совет на 26 и 27 јуни. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, по синоќешната неформална вечера на Советот во Брисел, истакна дека Комисијата предлага сеопфатна стратегија која се смета за силна поддршка, бидејќи зголемувањето на енергетската безбедност е во интересите на Унијата.

Еврокомесарот за енергетика, Гинтер Ојтингер, по овој повод рече дека “Унијата сака силно и стабилно партнерство со важни добавувачите, но мора да избегне да стане жртва на политички и комерцијални уцени и колективно да ја зајакне солидарноста со поголемиот дел ранливи земји-членки”. Според Ојтингер, потребно е и подобрување на инфраструктурата и ЕУ да стане енергетски поефикасна и подобро да ги искористи сопствените енергетски ресурси.

– Покрај ова, ние треба да ја забрзаме диверзификацијата на надворешните снабдувачи на енергија, особено за гас. Само конкретни акции ќе ни помогнат – исткана Ојтингер.

Акцијата за формриање на стратегија за обезбедување на енергетска ефикасност во ЕУ, започна со политичко-безбедносните проблеми во Украина, што резултираа со заладување на односите меѓу официјален Брисел и Русија, која пак се закани со укинување на снабдувањето за гас на Украина, поради огромниот долг на Киев, што, пак, ќе го секне дотокот на гас и во ЕУ, со оглед на тоа што преку Украина стигнува рускиот гас и за поголемиот дел на земји-членки на Унијата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он