Компанија за презервативи казнета поради „Kондом“

Од:

Францускиот суд ја забрани продажбата на презервативи од една компанија затоа што во своето рекламирање го искористила името на градот Kондом во слоганот „оригинален презерватив од Кондом“.

Фирмата за ова ќе мора да плати и надомест на штета од најмалку 10.000 евра со камата.

„Компанијата е лоцирана фиктивно во Кондом, а со тоа го лаже својот потрошувач да помисли дека презервативите доаѓаат директно од Кондом, додека тие всушност, се произведуваат во Азија“, стои во заклучокот на судот.

Сопствениците на компанијата го користеле името Кондом, како што тие тврдат, „исклучиво за маркетиншки цели“.

На веб-сајтот www.theoriginalcondom.com стои објаснување дека идејата била малку да се разубави зборот и во него да се додаде доза на елеганција и хумор. Но, градоначалникот на Кондом воопшто не бил воодушевен, па тужел за нарушување на угледот на градот и уништување на неговата туристичка понуда, со што се согласил и судот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Ана Ололовска

В. Британија: Раст на продажбата на машки секс-кукли

Ана Ололовска

Бакнувањето и сексот како лек

Ана Ололовска

Порното е опасно по здравјето

Ана Ололовска