Гостиварец отишол на излет, се ранил во нога

Од:

Триесет иедногодишен жител на гостиварското село Сенокосе бил пренесен во болница со рана на потколеница која ја здобил од куршум.

Според првичните информации на СВР Тетово најверојатно станува збор за самоповредување.

Од СВР Тетово посочуваат дека С.Ј. со уште неколкумина другари, заминале во близина на селото Неготино-Полошко за да се разонодуваат. Во еден момент С.Ј. извадил пиштол, сопственост на неговиот татко и се обидел да стрела кон шише кое го поставиле како мета. Еден од испуканите куршуми завршил во левата потколеница. Повредениот бил пренесен во гостиварската општа болница, а потоа испратен во Клиничката болница Тетово.

Екипа на СВР Тетово извршила увид на местото и работи на расветлување на околностите кои довеле до ранувањето.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски