Грчката партија „Реката“ одлучи да ги вклучи своите двајца претставници избрани на европските избори минатата недела, во групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, пишува весникот „Етнос“.
Одлуката е донесена од лидерот на партијата Ставрос Теодоракис на средба со европатеници, со образложение дека учеството на „Реката“ во втората по големина група во Европарламентот „Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите“ ќе ги зголеми нејзините можности за акција во Европа.
Европските социјалисти и демократи се ангажираа дека ќе се борат со рецесијата и невработеноста во Грија и особено во јужниот дел на Европа ќе се бидат нивните политички приоритети.