На протест во Бразил Индијанци со стрели гаѓаа кон полицијата

Од:

Бразилската полиција употреби солзавец на околу 500 домородци – Индијанци, кои кон нив гаѓаа со стрели, и уште околу 500 претставници на различни општествени групи кои вчера протестираа против одржувањето на Светското првенство во Бразил, осудувајќи го прекумерното трошење пари.

Индијанците од сливот на Амазон носеле традиционална облека, а дел од нив гаѓаа со стрели кон полицајците. Еден од полицајците беше погоден со стрела во ногата, по што веднаш беше одведен на операција.

Одделни припадници на домородните племиња видени се како фрлаат камења на околу 700 полицајци кои го чувале фудбалскиот стадион во Рио де Жанеиро.

– Кому служи Светското првенство. Нам сигурно не, извикуваа демонстрантите.

– Јас не сакам Куп, јас сакам пари за здравство и образование, објаснуваат демонстрантите.

Покрај тоа Индијанците протестираат и поради загрозувањето на нивните права на земјата на нивните претци во корист на белите земјосопственици.

Домородците претставуваат 0,3 отсто од околу 200 милиони жители на Бразил и живеат на околу 12 проценти од територијата, главно околу реката Амазон.

Бразил се соочи со серија протести против одржувањето на Светското првенство и 11 милијарди долари буџетски пари, колку што се потрошени на негова организација, наведувајќи дека тие пари требале да отидат во програмите за помош на сиромашните.

Првенството во фудбал ќе биде одржано во 12 бразилски градови во периодот од 12 јуни до 13 јули.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск