Регистрирани три земјотреси во Турција и еден во Грција

Од:

Три земјотреси беа регистрирани денеска во Северозападниот и Североисточниот дел на Турција, соопшти електронското издание на весникот „Хуриет“.

Потрес со јачина од 4,5 степени во Рихтер е регистриран во 6:59 во Сароскиот Залив во Егејското Море, соопшти истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили. Замјотресот бил на длабочина од 13,3 километри.

По првиот земјотрес следеле уште два вторични потреси со интензитет од 2,2 и 2,1 степен по Рихтер.

Други два земјотреси се регистрирани синоќа во окрузите Карс и Ерзурум со интензитет од 4,2 и 4,3 степени по Рихтер околу 3:03 часот.

Нов земјотрес со интензитет од 4,1 степен по Рихтер е регистриран изутрината во 5:59 часот меѓу грчките острови Лимнос и Самитраки во Егејското Море, соопшти електронското издание на весникот „Вима“.

Според институтот по геодинамика при националната опсерваторија во Атина потресот бил на длабочина од 10 километри. Нема информации за повредени и предизвикана материјална штета.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија