Јахјага: Оружените сили треба да придонесат за безбедноста

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека оружените сили на Косово треба да бидат придонес кон колективната безбедност на Балканот и оти во нив треба да учествуваат сите етнички заедници.

Таа, во синоќешното обраќање пред Советот за безбедност, изјави дека станува збор за „лесни воени сили“, чие создавање е долг процес и кој бара поддршка и учество на сите етнички заедници во Косово.

Истовремено таа потсети дека 15 отсто од припадниците на косовската полиција се составени од претставници на малцинствата, а девет проценти во косовските безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска