Ставрески: Градители, тоа е нашата определба

Од:

Почна изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица во должина од 28 километри.

Со изградбата која треба да заврши во 2016 година треба да се комплетира главната оска од Коридорот 10 кој поминува низ Република Македонија и во целосна должина од 1.451 километар.

Вкупната инвестиција за изградба на оваа делница е 257 милиони евра од кои 130 милиони се од Европската инвестициска банка, 45 се ИПА гранд од ЕУ, 170 милиони од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра се од Буџетот на Република Македонија.

На поставувањето камен темелник присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, евроамбасадорот Аиво Орав, министри, градоначалници и претставници на дипломатскиот кор.

@Ние ветуваме и остваруваме. Ние ветуваме и реализираме големи дела и големи проекти. Онака како што ветивме така и реализираме. Владата успеа да обезбеди 257 милиони евра и со овој камен темелник влегуваме во една од највисоките ако не и највисока инфраструктурна инвестиција во последните 20 години. Станува збор за најмодерна автопатна делница со два тунели, шест мостови, пет надпатници, седум подпатници и две клучки“, рече  посочи Груевски.

Во изминатите години, рече,  се изградија, се реконструираа и се градат 390 километри регионални патишта и над 250 поединечни локални патишта..

„ Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија, во преписка Гоце Делчев му се обраќа на Даме Груев „Дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија“. Ете, во овие зборови во зборовите на еден од најголемите македонски великани, дејци, идеолози ја наоѓам насоката и патот по кој треба да одиме. Денеска ја продолжуваме визијата на Гоце, да се работи, да се гради, да се создаде нова вредност и да се остави наследство на идните генерации. Градители-тоа е нашата определба“, рече министерот за финансии Зоран Ставрески.

Евроамбасадорот Аиво Орав потенцираше дека ова е најголемиот проект кој моментно го финансира ЕУ и според него, автопатот ќе помогне во подобрувањето на регионалната интеграција,  ќе го намали времето на патување и ќе ја подобри безбедноста на патот.

 

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада