Грчката полиција ги отфрли тврдењата дека нејзините службеници масовно гласале за „Златна зора“

Од:

Грчката полиција ги отфрли тврдењата дека припадниците на силите на редот гласале масовно за крајнодесничарската партија „Златна зора“ на европските и локални избори во земјата.

Претставници на полицијата ги опишаа како „несигурни и сомнителни“ оценките врз основа на кои се прават заклучоците дека униформирани лица гласале за националистите од „Златна зора“ и дека процентот на гласови за партијата бил исклучително висок во места на кои гласале тие.

Грчките медиуми објавија репортажи во врска со изборите во земјата, во кои се тврдеше дека над 50 проценти од грчките полицајци гласале за „Златна зора“ и дека партијата регистрирала два пати повисок резултат на избирачките места, кои се користат од страна на грчките полицајци на служба во Атина.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит