Победи на македонските тенисери на фјучрс турнирите

Од:

Македонските тенисери кои оваа недела имаат мечеви на фјучрс турнирите почнаа со победи.

Во Сусе, Тунис Лина Ѓорческа (3.носител) во мечот од 1.коло ја совлада домашната тенисерка Јесмин Жир со 6:1 и 6:1 по сетови. Во следната рунда Ѓорческа ќе игра против Французинката Бренди Мина.

Во игра на двојки Ѓорческа заедно со Линда Пренковиќ (Германија) во првото коло беа слободни.

Томислав Јотовски и Шендрит Деари на Ф19 турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет во двојки победија во 1.коло. Тие беа подобри од Килиан Гајс (Германија) и Петер Мицк (Словачка) со 6:4 и 6:2 во сетови. Во следното коло ќе играат со вторите носители Шериф Сабри (Египет) и Марк Верворт (Холандија).

Денеска ќе ги играат и мечевите од 1.коло: Јотовски против вториот носител Хозе Чека – Калво (Шпанија), додека Деари игра против Антоан Ришар (Канада). 

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ