Екипата на Оклахома Сити успеа да го добие и вториот натпревар на домашен терен во финалето на Западната конференција против Сан Антонио и да изедначи на 2-2 во победи. Предводени од Расел Вестбрук, кој постигна 40 поени, Оклахома славеше со 105:92 (26:20, 32:23, 25:24 и 22:25).
Вестбрук имаше одлична вечер и без промашување од линијата за слободни фрлања (14 погодени /14 обиди), а заедно со Кевин Дјурант (31 поен) постигнаа 71 поен И двајцата шут од игра имаа од 50 %: Вестбрук (12/24), Дјурант (11/22).
Вечерва се игра натпреварот број 5 од финалето на „Исток“ каде Мајами води со 3-1 во победи против Индијана, која е домаќин на дуелот. Следниот натпревар меѓу Сан Антонио и Оклахома Сити се игра во четврток навечер.