Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, вечер ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Симонида Филипова Китановска која содржи 80-тина акварели.
Филипова-Китановска е родена 1965 Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во класата на проф. Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член е на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) од 1988 година. Од 1991-1997 живее и работи во Бостон, САД.
Добитник е на повеќе награди, Гран-при, Интернационален конкурс на акварел, Скопје, Награда за акварел, Интернационален конкурс, Скопје, Димитар Пандилов, сликарство мал формат, ДЛУМ, Димитар Пандилов, сликарство мал формат, ДЛУМ, Биенале на југословенскиот акварел, БАЈ, Карловац.