Средба на раководството на СДСМ со делегација на Кралството Шведска

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска остварија средба со делегација на Кралството Шведска предводена од Торбјорн Сохлстром, генерален директор за политички работи и Матс Стафансон, амбасадор на  Кралството Шведска во Република Македонија.

На средбата заеднички беше заклучено дека спроведените двојни избори во Македонија  влијаат и на идните чекори на државата во однос на евро – интеграцискиот процес.

Zaev, sredba2

Претседателот Заев истакна дека со овие избори се покажа дека владејачката партија  не сака да спроведе фер и демократски избори. Со повеќегодишните уцени и закани како и директното купување гласови власта овозможи системска контрола врз гласачите.

-Слободната волја на граѓаните на Република Македонија на овие двојни избори беше погазена. Поисоветувањето на државата со партијата, необјективноста на медиумите, партизираното судство и нефункционалните институции што се дел и од забелешките нотирани во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР се дел од причините зошто СДСМ не го признава изборниот процес и нема да ги прифати пратеничките мандати, истакна Заев.

Zaev, sredba1

Заеднички беше констатирано дека е потребно да се прават чекори што ќе придонесат кон нормализирање на институциите на државата се со цел да се овозможи фер политичка борба во Република Македонија.

Генералниот директор за политички работи, Сохлстром ги поздрави активностите на СДСМ и учеството во кампањата за европските избори во Стокхолм како и формирањето на партиските организации на Социјалдемократскиот сојуз во Гетеборг и Малме.

Zaev, sredba

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски