Десет години јубилеј на проект галеријата Прима Центер Берлин

Од:

Проект галеријата Прима Центер Берлин одбележува 10 години постоење. Во овој алтернативен простор за презентација на уметниците се реализирани 150 изложби, претставени се повеќе од 400 автори од кои 150 биле лично присутни на своите отворања.

Прима Центарот во Берлин е отворен во 2004 година и од почеток е членка на Здружението на интернационални уметнички галерии на Берлин (Вединг) – Колони Вединг.

Во изминатите шест години Прима Центер Берлин успешно соработува и со Министерството за Култура на Република Македонија. Пред берлинската публика досега има претставено 110 македонски уметници, меѓу позначајните изложби и автори од Македонија се издвојуваат: Игор Тошевски, Богоја Ангелковски, Олгица Антовска, Марта Наумовска Грнарова, Шкипе Мемети, Славчо Спировски, Тихомир Топузовски, Александра Петрушевска, Антони Мазневски, Ирена Паскали, групата ОПА, Панче Велков, Мимоза Велиу и други.

По повод 10-годишниот јубилеј на ПЦБ, на 30 мај 2014 во просториите на галеријата, во рамките на Здружението Колони Вединг ќе биде отворена изложбата „Лице во лице“ на берлинските уметници: Ловро Артуковиќ, Берт Госен, Даниел Самбо-Рихтер, Карола Гоелнер, Жења Шеф и Јован Балов, кураторот на изложбата др. Ролф Кулц Мекензи подготвува студиозен текст за самата изложба дополнет со рецензија и осврт на 10 годишното работење на ПЦБ. Во рамките на прославата, при отварањето на изложбата, ќе настапи и рок триото од Салцбург – Џими Роџерс.

На 6 јуни 2004 година е  отворена првата изложба во ПЦБ – „Сегменти“, групна изложба на македонски автори. По иницијатива на Здружението на граѓани Золдинер Киц, во соработка со Квартирс Менаџмент на 6 Јуни оваа година ќе биде организирана прослава по повод 10-годишниот јубилеј на ПЦБ. По тој повод ПЦБ подготвува архив од околу 10.000 фотографии кои ги документираат сите 150 реализирани изложби. Архивот ќе биде промовиран со делата на портрет мајсторите од изложбата „Лице во лице“ како и со пригоден кетеринг. Меѓу бројните пријатели кои ја поддржаа оваа акција се: Берлинскиот Сенат за развој, Општина Центар – Берлин, Европскиот фонд за култура, Социјален град Берлин, Колони Вединг и многу други проект галерии членки на Колони Вединг.

ПЦБ како проектгалерија со висок углед на берлинската сцена има капацитет да продолжи да ги промовира врвни уметнички, независни и алтернативни вредности и отворена е за уште многу нови квалитетни проекти.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска